Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Лум вчера славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Гостивар и со тоа во чекор остана да ја следи Шкендија во битката за трофејот.
Меритон Гега вчера го имаше своето деби на клупата на стружани, а по мечот изјави дека иако бил тежок натпревар сепак неговите играчи заслужено стигнале до победата.
„Беше тежок натпревар. Добро го започнавме, но црвениот картон на Укпа ни ја уништи стратегијата и затоа моравме да се браниме. На крајот сметам дека заслужено ги освоивме тие три бода. Убаво е чувството да се победи на првиот меч како прв тренер на Струга ТЛ. Играчите беа на вистинско ниво, го одработија тоа што се договоравме и јас им честитам на она што го покажаа на теренот“ рече Гега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА