Геј го доведе Сенегал во четвртфинале

Сенегал е првиот четвртфиналист на Купот на Африкански Нации откако оваа селекција славеше во осминафиналната пресметка со Судан со резултат 3-1.

Сенегалците се најдоа во неочекувана ситуација откако противникот како аутсајдер прв поведе со голот на Абдалах во 6. минута. Судан не реализираше и шанса за втор гол, по што фаворитот ја презеде контролата над мечот и веќе до крајот на полувремето го сврте резултатот во своја полза.

Папе Геј беше херојот на Сенегал на овој дуел, израмнувајќи на 1-1 во 29. минута, а потоа во судиското продолжение од првиот дел постигнувајќи и прекрасен погодок за 2-1. Печат на пласманот во полуфиналето стави Мбаје во 77. минута, само две минути откако овој фудбалер влезе во игра на местото на Сар.

Противник на Сенегал воследната фаза ќе биде подобриот од дуелот Тунис – Мали што е на програмата вечерва.

Се вчитува...