Ѓекереш: Одбив многу понуди за да дојдам во Арсенал

Виктор Ѓекереш ова лето се врати назад во Премиерлигата и ќе настапува во дресот на Арсенал каде навивачите го гледаат како идеално решение за проблематичната напаѓачка позиција.

Шведскиот голгетер откри дека постоело голем интерес за негов трансфер, но тој сакал да премине само во редовите на клубот од северен Лондон.

„Беа вклучени многу клубови, но јас сакав да дојдам само во Арсенал. Ова е најдобриот клуб за мене. Не беше лесен трансферот. Некои луѓе постојано говореа за медиумите. Мислеа дека со тоа го штитат интересот на клубот“, изјави Ѓекереш.

Се вчитува...