Новиот второлигаш, ФК Генч Калемлар од Долна Бањица, Гостивар, се одлучи и во својата прва сезона во Втората македонска фудбалска лига во историјата на клупата да биде со тренерот кој го донесе големиот успех минатата сезона, Бирол Топчиу.
Од Генч Калемлар информираат дека потпишат договор на уште една сезона со Топчиу кој останува шеф на стручениот штаб.
„Со Топчиу стигнавме до шампионската титула во Третата лига. Веруваме дека со него на чело ќе стигнеме до посакувани резултати и во Втората лига“ – вели претседателот на клубот, Раиф Раиф.
Подготовките тимот ги почнува во понеделник. Во текот на следната недела се очекува да бидат промовирани и засилувањата за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА