Црвена Звезда вчера загуби на домашен терен од Пафос со 1-2, во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите, и така направи голем чекор назад кон групната фаза.
Сепак, и покрај сето тоа, во таборот на „црвено-белите“ се оптимисти дека на крајот ќе завршат во групната фаза, односно дека ќе успеат да слават на гостувањето во Кипар. На Црвена Звезда и е неопходна било каква победа за да се избори за пласман понатаму. Минимална победа го носи тимот кон продолженија, а победа над два разлика во групната фаза.
„Во спортот, утрото по победата е најубаво, а утрото по поразот е најтешко. Така отсекогаш било и ќе биде, но денес, кога сè е завршено, сум поубеден од кога било дека повторно ќе играме во Лигата на шампионите оваа година, изјави генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ за „Танјуг“.
„Без оглед на неприфатливо слабата игра што ја одигравме синоќа, убеден сум дека сме подобар тим од Пафос и дека следниот вторник ќе победиме и ќе играме во најсилното натпреварување на УЕФА“, изјави Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

