Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслејтнер денеска издвои дел од слободното времеза да ја посети канцеларијата на Ракометната Федерација на Македонија. По обиколката на просториите воден од Генералниот секретар на Федерацијата, Филип Милошевски.
Првиот оперативец на ЕХФ се запозна и со тимот кој е ангажиран во македонската куќа на ракометот, кој напорно работи и околу беспрекорната организација на овој европски шампионат.
„Вистинска чест и задоволство беше да се разговара на значајни ракометни теми и да се помине квалитетно време со ваков почесен гостин во нашите простории. Господине Хауслејтнер, Ви благодариме на посетата“, порачаа од Ракометната Федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА