Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис и неговиот колега од секторот задолжен за националните федерации, Михал Конечни, денеска остварија работна посета во канцелариите на Кошаркарската Федерација на КФСМ.
Заглис повторно се сретна со претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, генералниот Секретар Владимир Георгиевски и со спортскиот директор Марјан Србиноски.
Генералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФСМ на двете најголеми континентални младински првенства за ова лето. Се разговараше и за претстојните настани на националните А-селекции како и за новите проекти на КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА