ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на СП 2025 откако вечерва по голема борба загубивме од Холандија со резултат 32-37.
Избраниците на Лазаров во големи периоди од натпреварот целосно му парираа на фаворитот, но на крајот како клучна се покажа завршницата на првото полувреме во кое „лалињата“ се одлепија резултатски и стигнаа до водство што знаеја како да го задржат до самиот крај. Во моментите кога покажавме карактер и дадовме се за да се вратиме, данските судии со бројни исклучувања и пенали за противниците се погрижија Холандија во мирен финиш да го приведе мечот до крај.
По мечот со свој став излезе и генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски кој изјави дека куќата на ракометот во Македонија ќе упати жалба за судењето на натпреварот против Холандија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

