Генијалецот Јокиќ држеше нов час по кошарка во НБА

Серијата маестрални настапи на Никола Јокиќ во НБА-лигата продолжи и во премиерниот дуел од 2025 година, во кој српскиот центар го одведе тимот на Денвер до рутинска победа над Атланта од 139-120. Јокиќ беше незапирлив за гостинските кошаркари, па рутински стигна до нов трипл-дабл од импресивни 23 поени, 17 скокови и 15 асистенции. Изданието е уште поимпресивно ако се знае дека Србинот мина на теренот нешто помалку од 30 минути. Тој беше импресивен во првата четвртина во која стигна до 11 поени, 8 скокови и 6 асистенции, прв играч што стигнал до вакви бројки за една четвртина во историјата на НБА-лигата.

Мајами без поголеми проблеми стигна до триумф над Њу Орлеанс од 119-108, Тајлер Хироу постигна 32 поени за Мајами, додека Адебајо имаше 23 поени, 9 скокови и 10 асистенции.

Далас продолжува да се мачи по повредата на Лука Дончиќ, па маверикси загубија со 110-99 на гостувањето против Хјустон. Шенгун ги предводеше „ракетите“ со 23 поени, еден помалку постигна Грин, додека прв стрелец на Далас во овој пораз беше Грајмс со 17 поени.

Резултати НБА:

Детроит – Орландо 105-96, Вашингтон – Чикаго 125-107, Мајами – Њу Орлеанс 119-108, Њујорк – Јута 119-103, Торонто – Бруклин 130-113, Хјустон – Далас 110-99, Денвер – Атланта 139-120, Сакраменто – Филаделфија 113-107.

Се вчитува...