Гео Стојановски со гол во 90. минута донесе победа за Спартак Варна (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Георг Стојановски донесе и тоа како значајна победа за својот Спартак Варна во 24. коло во најсилната лига на Бугарија.

Спартак Варна, на чија клупа е поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски, пред своите навивачи, славеше со 1-0 против Монтана благодарание на голот на македонскиот офанзивец.

21-годишниот Стојановски во игра влезе во 70. минута од средбата, а во 90. минута одлично реагираше по корнерот од десната страна на својот тим, носејќи големи три бода за тимот од Варна.

  • Голот на Гео Стојановски може да го погледнете на временскиот исечок – 04:25…

Ова е четврти гол за Стојановски сезонава, а интересно, и покрај тоа што е класичен напаѓач, во есенскиот дел заврши во Топ 10 асистенти во бугарскиот шампионат.

Се вчитува...