Георг Стојановски ќе игра во Спартак Варна кај дедо му Хаџиевски

Поранешниот вардаров напаѓач Георг Стојановски својата кариера ќе ја продолжи во бугарскиот прволигаш Спартак Варна, каде од неодамна тренер на клубот е неговиот дедо по мајка, македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски.

Стојановски е 21-годишен напаѓач чиј последен клуб е Шкупи. Потекнува од фудбалската школа на Вардар, а досега играше и за Тетекс и Работнички во домашните шампионати, како и за Хата клуб од Дубаи.

Македонскиот офанзивец треба да биде во нападот на Спартак Варна заедно со Даниел Халачев и Либиецот Колако Џонсон, кој поради проблеми со пасошот не може да дебитира за клубот од Бугарија.

Се вчитува...