Фудбалската федерација на Саудиска Арабија му нуди договор на легендарниот Георге Хаџи да ја води нивната репрезентација на Светското првенство следната година. Вртоглавата понуда изнесува три милиони евра годишна заработка, но примамлив е бонусот од еден милион евра доколку Саудиска Арабија успее да оствари победа на мундијалот.
Челниците на фудбалкиот сојуз на оваа земја по трет пат се обидуваaт да доведат селектор со кој се надеваат на успешно учество на светското во Русија. Човекот кој практично ги одведе до мундијалот по 12 години, Берт Ван Марвајк, доби отказ откако веќе пласманот беше обезбеден, а потоа Едгар Бауза издржа само пет пријателски мечеви.
„Марадона од Карпатите“ моментално е на клупата на романскиот тим Виторул, со кој успеа да ја освои шампионската титула во Романија минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА