Георгиев: Работнички е квалитетен тим, но целта на Воска е три бода

Фудбалерите на дебитантот Воска утре на домашен терен ќе го пречекаат Работнички во 18. последно коло од полусезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерот на охриѓани Бобан Георгиев вели дека Работнички е квалитетен тим, но дека тој се надева дека тие ќе стигнат до полн плен.

„Нè очекува многу тежок натпревар.  Работнички е многу квалитетен тим со многу добри играчи, како што докажаа и на претходните натпревари. Сепак верувам во тимот што го имаме и дека со добра игра ќе ја постигнеме нашата цел да стигнеме до трите бода. Мислам дека победата би заокружила една позитивна полусезона, со оглед на тоа што сме дебитанти во Првата лига. Иако можеби ќе можевме да имаме уште некој бод повеќе да не беа грешките на судиите. Верувам дека во втората полусезона ќе се претставиме уште подобро и дека нема да мора да размислуваме до крајот за опстанок“, изјави Георгиев.

Натпреварот меѓу Воска и Работнички кој ќе се игра утре е со почеток во 13 часот.

Се вчитува...