По Дејан Георгиевски кој вчера освои бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир, денеска преостанатите тројца македонски таеквондисти на татамите.
Анамарија Георгиевска единствена успеа да избори пласман во четвртфинале, откако во првото коло славеше над Сандиќ од Босна и Херцеговина, а во борбата за полуфинале загуби убедливо од Јелиќ од Хрватска со 28-2.
Во машка конкуренција Филип Додевски и Марко Аврамоски го завршија својот настап во 1. коло. Аврамовски во категорија до 58 килограми загуби од Алжирецот Атуи со 34-14, додека Додевски во категорија до 80 килограми беше поразен од Турчинот Картал со 24-13.
Настап утрово имаше и нашиот прв мечувалец, Петар Србиноски во конкуренција „ипи“. Тој во групната фаза забележа две победи, а потоа во 1/16 финалето беше поразен од Хусам Елкурд од Мароко со 15-10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

