Македонија резултатски ја оправда фаворитската улога во дуелот со Турција, но не и со играта што ја прикажаа македонските репрезентативци во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. И селекторот Раул Гионзалес и ракометарите се свесни за пропустите и за грешките кои не смеат да се повторат во иднина. Дуелот со Турција треба да ни биде поука, предупреди и десното крило Гоце Георгиевски кој го заврши мечот со четири гола.
„Мора да бидеме задоволни од победата, но од играта не треба да бидеме. Од една ваква слаба партија, сепак, освоивме два бода. Видовме како завршија Црна Гора и Србија на овој старт на квалификациите за ЕП. Играта со Турција не беше како што требаше, не одговоривме на задачите на селекторот. Правевме многу грешки во нападот и во одбраната. Имаме време да го анализираме овој меч добро и грешките кои ги правевме денес, да ни бидат поука за натпреварот во Грција. Треба да го надминеме ова“ – изјави Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА