Гоце Георгиевски постигна пет гола и беше прогласен за играч на натпреварот во дуелот со Ангола. Двете победи на стартот даваат самодоверба, но и мотив повеќе за преостанатите три натпревари во групата, прво против Словенија, а потоа и против Шпанија и Исланд.
„За нас ова е важна победа. На почетокот влеговме малку несигурно во нападот промашивме неколку зицери. Тука резултатот беше изедначен, но потоа како одминуваше натпреварот, се покажа нашето искуство, игравме подициплинирано и мислам дека заслужено победивме. Победа си е победа, за нас два меча две победи на старот на ова првенство. Но, треба да останеме скромни и сконцентрирани, во наредните пет дена не очекуваат три тешки натпревари. Треба сега да ги одмориме малку главите, физички малку да се одмориме и подготвени да го дочекаме мечот со Словенија. Мораме да веруваме во победа, ако не веруваме во нешто, тоа нема ни да се случи. Тие се фаворити, тоа сите го знаеме, но мора да веруваме во нас. Ако влеземе со тој пристап во натпреварот, мислам дека ќе покажеме многу подобра игра, па може и да победиме. Топката е тркалезна, ништо не се знае. Словенија е фаворит, ја има контролата, но на нас е да се подготвиме и да се бориме“ – вели десното крило на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА