Георгиевски: Многуте промашени зицери не чинеа победа против Порто

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар го забележаа и вториот пораз сезонава во Лигата на Европа, откако вечерва на домашен терен загубија од Порто со 22-26.

Капитенот на „црвено-црните“ Гоце Георгиевски говореше за медиумите по мечот со Порто.

„Честитки на Порто за победата тие беа подобри од нас денеска. Првото полувреме одигравме добро, посебно во одбраната. Порто одигра 7 на 6 во вториот дел, а ние имавме противигра за таа нивна игра. Направивме многу грешки во нападот и промашивме многу зицери. За седум дена не чека меч во Порто, па ние ќе гледаме да се подготвиме на најдобар можен начин“, изјави Георгиевски. 

Се вчитува...