Ракометарите на Вардар по двата натпревари дома против Елверум во Лигата на шампионите ги очекува гостување во Украина кај Мотор Запорожје во меч од регионалната СЕХА лига. Крилото на „црвено-црните“, Гоце Георгиевски вели дека иако е тежок период за сите тимови поради згуснатиот распоред, тој се надева на добра игра и позитивен резултат со кој би се кренала самодовербата во таборот на играчите.
„Периодов имаме многу натпревари. Иако е тешко очекувавме вакво темпо. Тешко е за сите. Цело време патување тренинзи. Мотор е озбилен противник кој и во Лигата на шампионите игра одлично. Трето место се во нивната група. Играат брз ракомет убав за око. Ги гледам како потенцијален противник во можно осминафинале во Лигата на шампионите. Треба да се подготвиме за нив. Иако е СЕХА лига секоја победа носи голема самодоверба во тимот и затоа одиме на победа. Се надевам дека ќе одиграме на високо ниво и ќе извлечеме позитивен резлутат“, вели Георгиевски.
Натпреварот меѓу Мотор и Вардар кој ќе се игра во Запорожје е закажан за во сабота со почеток во 20:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА