ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Македонија загуби од Чешка со 27-25, ја испушти предноста од два гола што ја имаше по првиот дел, но крилото Гоце Георгиевски вели дека ништо не е загубено. Следи решавачкиот меч против домаќинот Австрија за два дена.
„Се боревме, имавме желба, но паднавме во второто полувреме. Чесите погодија неколку тешки шутеви, беа подобри по одморот. Ние не се снајдовме најдобро во тој период иако во еден дел дојдовме во егал. Но, потоа повторно паднавме. Сепак, ништо не е загубено. За два дена не очекува решавачкиот меч со Австрија и мое лично мислење е дека таа селекција можеби и повеќе ни одговара. Останува да се подготвиме и да одиграме најдобро што умееме на третиот натпревар“, изјави Гоце Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА