По паузата поради репрезентативните активности, ракометарите на Вардар 1961 утре од 17 часот ги очекува дуелот од СЕХА-лигата со хрватски Нексе.
Тренерот Стевче Алушовски во тимот ќе нема неколку ракометари поради повреди, Стојанче Стоилов, Ловро Јотиќ, Патрик Валчак и Димитар Димитриоски. Во Нашице, пак, директно треба да пристигне Иван Чупиќ кој беше со репрезентацијата на Хрватска на ЕХФ репрезентативната недела.
„Не очекува добро познат противник против кого сме играле многупати досега. Ни следува период после ЕХФ-неделата и настап во репрезентација и ни недостасуваат некои играчи. Веднаш патуваме, утре играме. Немаме многу време. Го анализиравме тој меч што го игравме во февруари. Сигурно ќе биде тешко. Ниту еден меч со Нексе не е лесен. Ќе одиме на победа, зошто сакаме и подобро да бидеме пласирани на табелата. Нексе има нов тренер, малку имаат сменето во играта, во одбрана и напад, но горе – долу тоа е истата екипа“ – вели репрезентативецот Гоце Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА