Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките за СП 2023, откако денеска беше одигран и вториот дуел од двомечот со селекцијата на Црна Гора.
Подмладувањето на националниот тим беше неизбежен процес, а Гоце Георгиевски е еден од ретките искусни ракометари кои се тука да им помогнат на оние кои допрва ги одат првите чекори во репрезентативниот дрес.
„Точно, репрезентацијата сега е поинаква, се базира на помладите репрезентативци. Јас на оваа цела приказна гледам позитивно. Подготовките во Маврово ги одработуваме максимално коректно, добро тренираме и најважно имаме добра атмосфера. Помладите играчи добро знаат што бара од нив, добро го сфаќаат, што пак е многу важен детал во овој процес. Ако продолжиме вака да работиме Македонија ќе биде на вистински пат и наредните години. Ме радува што помладите не само што одлично ги прифаќаат сите наши совети, туку добро ги спроведуваат на терен тоа е најважно. Како што кажав овој тим е на вистински пат, но да не се лажеме ова е процес за кој треба време. Мислам дека и јавноста треба да има малку трпение“, изјави Георгиевски.
Десното крило на Вардар се осврна и на тешката група, со оглед на фактот дека нашите ракометари во Краков ќе ги одмерат силите со Норвешка, Холандија и со Аргентина.
„Навистина е тешка групата, но ако не веруваме во себе подобро да не одиме на Светско првенство. Нема лесни противници, не одиме со бело знаме, одиме да се пласираме во главната рунда Многу играчи ни доаѓаат од домашното првенство. Ај да кажам дека ако е некоја мана, можеби е ќе биде и предност бидејќи доста од репрезентативците играат заедно во ист клуб и добро се познаваат. Ние од Вардар, тука се ракометарите од Алкалоид, како и од Пелистер. Мислам дека горе-доле го играме истиот систем и во клубовите. Може тоа да ни помогне, да дојдеме подобро воиграни на тоа Светско првенство“, вели Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

