Гоце Георгиевски го дели разочарувањето на соиграчите по слабата игра и убедливиот пораз од Норвешка, но искусниот крилен ракометар јасно става до знаење и дека треба што поскоро да се остави овој меч зад себе, а фокусот целосно да се сврти кон Холандија и Аргентина.
„Ние и пред овој меч меѓу нас имавме разговори дека што и да се случи, не смееме да дозволиме тоа да ни ја наруши атмосферата. Не верувам дека овој пораз би можел да остави посериозна трага врз нас, треба да се фокусираме на наредниот натпревар што побрзо, да ја заборавиме Норвешка, што поскоро го направиме тоа, тоа подобро за нас. Малку ја гледавме Холандија со Аргентина, тоа е селекција со неверојатно брз ракомет и транзиција, тоа е она во што ќе треба да ги запреме, брзиот центар што го играат по секој примен гол и контранападите се она што главно ќе треба да го неутрализираме. Искрено, изненадени сме што победија со десет гола разлика против Аргентина, но одиграа одличен меч, а и нивниот голман блескаше. Тоа е само доказ колку квалитетна репрезентација се Холанѓаните и дека нивните резултати на последното европско првенство воопшто не беа сличајни“, изјави Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА