Македонскиот фудбалски интернационалец Бојан Георгиевски својата кариера ќе ја продолжи во албанскиот шампионат. Тој ќе потпише договор со албанскиот прволигаш Теута, кој во пролетниот дел од првенството ќе се бори за опстанок во елитното друштво.
Георгиевски е дете на Вардар, играше и за Металург, Турново и за Победа во македонското првенство, а досега градеше кариера како интернационалец во Белорусија, Литванија, Бугарија и во Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА