Георгиевски пред финалето: Македонија е голема… Одиме на злато (ВИДЕО)

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски за помалку од половина час ќе го нападне златниот медал во категоријата над 80 килограми на Летните олимписки игри во Токио. Тој пред борбата и се заблагодари на македонската јавност за големата подршка и најави дека оди на златен медал.

„Поздрав до целата македонска јавност. Благодарам на сите за големата подршка. Како што реков претходно одам на златен медал. Свесен дека ова е најголемиот спортски успех во независна Македонија. Македонија е голема, одиме на злато“, изјави Георгиевски. 

Се вчитува...