Уште пред заминувањето за Франција селекторот Лино Червар како и неговите избраници како првична своја цел зацртаа пласман во најдобрите 16 селекции и тоа го исполнија. Иако во групата беа нарекувани аутсајдери, ракометарите стигнаа до третото место и пласман во осминафиналето каде денес беа запрени од пресилната Норвешка.
На исходот не треба да се гледа негативно, смета десното крило, Гоце Георгиевски.
„Ние некако како да се истрошивме во тоа прво полувреме. Од желба да се покажеме, ние се истрошивме и во второто полувреме немавме ниту концентрација ниту дисциплина. Тука тие нè скршија и го решија натпреварот. Во првото полувреме имавме добра одбрана, а промашивме многу зицери, но и покрај тоа имаше некоја резултатска неизвесност. Првичната цел ни беше пласман во осминафиналето и ние тоа го исполнивме. Треба да размислуваме позитивно, главите горе – има иднина во оваа репрезентација и мислам дека ќе има и подобри резултати“ – смета Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА