Георгиевски разочара на таеквондо спектаклот во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Златното момче на македонското таеквондо Дејан Георгиевски и неговиот тим успеаја викендов да го соберата кремот во овој спорт на Г1 турнирот кој се вбројува во турнирите на кои се бркаат бодови за Летните олимписки игри во Париз.

Скопје и СЦ „Јане Сандански“ беа домаќини овие два дена на одлични таеквондисти од целиот свет кои на македонската публика и ги покажаа сите убавини на овој свет. Дејан Георгиевски не успеа да ги израдува домашните навивачи со злато, откако изгуби во финалето во својата категорија.

Сепак, големиот негов успех на ЛОИ во Токио и освојувањето на сребрениот медал доведе до тоа македонското таеквондо да биде ценето насекаде во светот.

Златен медал за Македонија денеска донесе младата Мила Релјиќ која во категоријата до 62 килограми славеше над 12. на светската ранг-листа Србинката Надја Савковиќ.

 

Се вчитува...