ЕКИПА во Краков,
Стеван Цаневски, Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонските ракометари максимално подготвени и фокусирани го дочекуваат почетокот на ракометниот мундијал и денешниот премиерен меч против Норвешка.
Гоце Георгиевски ќе биде еден од најискусните во нашиот состав на овој мундијал, а секогаш скромниот крилен ракометар е голем оптимист во Полска, најавувајќи остварување на желбата на сите во националниот тим – пласман во втората фаза од СП.
„На натпреварот со Норвешка ние влегуваме како аутсајдери сите знаеме какви квалитети има норвешката репрезентација, тие секое првенство целат на медал така ќе биде и овој пат . Сепак, најважното е ние да се фокусираме на нашата игра она што сме се договориле и спремиме да го испочитуваме во што поголем процент на теренот и мислам дека имаме само така шанси да се спротиставиме и ако ни се укаже прилика и да изненадиме. Знаеме дека ќе биде тешко на сите три натпревари нашите очекувања се пласман во главната рунда, а јас секогаш сум оптимист и сигурен сум дека ќе успееме да се пласираме“, вели Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА