Гоце Георгиевски со тимот на ЧСМ Букурешт загуби од Стеауа со 25-28 во вториот натпревар од полуфиналната серија и ќе игра „мајсторка“ за финале во шампионатот на Романија. Макеоднскиот репрезентативец беше најефикасен со седум гола, но сепак, тоа не беше доволно за триумф на ЧСМ Букурешт во овој дуел.
Првиот натпревар од полуфиналето против Стеауа, ЧСМ Букурешт го доби со 25-21, но во вториот не успеа да го потвори успехот. Стеауа се избори за победа и за решавачки трет натпревар на домашен терен. Победникот од овој дуел во финалето ќе игра против Динамо Букурешт кој во два меча ја елиминира Турда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА