ЧСМ Букурешт во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, славеше гостинска победа против Стеауа (21-25) во првиот натпревар од полуфиналната серија во плеј-офот во Романија.
Во серијата „подобар во три меча“, ЧСМ Букурештсо оваа „брејк“ победа е чекор поблиску до финалето кое може да го осигура веќе на следниот натпревар што го игра на домашен терен.
Гоце Георгиевски постигна два гола во триумфот ЧСМ Букурешт, а најефикасен во победничкиот тим беше Шпанецот Антонио Гарсија Робледо со 10 гола.
Во втората полуфинална двојка во романскиот шампионат играат Тирда и Динамо Букурешт.
Другите два романски клубови кои настапуваат македонски ракометари, Констанца и Темишвар, испаднаа од борбата за шампионската титула и разигруваат за пласман од 5 до 8.место.
Во првиот меч од разигрувањето, Никола Митревски и Велко Марковски со Констанца славеа победа на домашен терен против Калараши со 30-23.
Златко Даскаловски со Темишвар го доби првиот дуел против Минаур Баја Маре со 32-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА