Георгиевски успешно ја мина првата рунда на Европските игри

Најдобриот македонски таеквондист на сите времиња Дејан Георгиевски успешно ја мина првата пречка на Европските игри во Краков, Полска.

Спортистот на Македонија за 2021 година во првата рунда во категоријата над 87 килограми славеше на Италијанецот Матија Молин со 2-0 во рунди.

Во четвртфиналето Георгиевски ќе се сретне со Украинецот Андри Харбар.

Се вчитува...