Дури и врапчињата на гранка веќе знаат за „Пепелашка приказната“ за првата средба на тогаш непознатата и сиромашна Георгина Родригез и познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.
Според приказната која кружи со години, а ја раскажа самата Георгина во документарец на „Нетфликс“, тие двајца се запознале во луксузен бутик каде таа работела. Но, сега нејзиниот поранешен колега Пабло Боне се огласи и ја претстави својата верзија на приказната.
Боне тврди дека врската на Роналдо со сегашната партнерка не започнала со средба во бутик.
„Георгина лаже за тоа како се заползнале со Роналдо. Кога го запозна Кристијано, тој влегуваше во продавницата со пријателите и неговиот син. Таа штотуку излезе од вратата. Кога тој влезе, сите се свртевме да го погледнеме бидејќи тој е личност од висок ранг, а со клиенти како него разговараат само менаџерите. Всушност, оваа врска започна дури некое време подоцна. Тогаш не разговараа, но по неколку недели се запознаа на забава каде што малку подобро се запознаа“, изјави Боне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА