Георгина го „излуде“ Швајнштајтер, што ли ќе каже Ана Ивановиќ? (ВИДЕО)

Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел да има сериозни проблеми во бракот со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ по непромислената изјава искажана во живо на телевизија.

Имено, поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Чикаго кој во моментот работи како стручен консултант за германската телевизија „АРД“ која го следи Евро 2024 во директен пренос даде комплимент за изгледот на сопругата на Кристијано Роналдо, провокативната Георгина.

Коментирајќи го натпреварот помеѓу Португалија и Чешка телевизијата одвои и неколку минути за видео прилог од роденденот на најстариот син на Кристијано Роналдо каде Германецот виде нешто повеќе од само поклоните кои ги доби Кристијано Јуниор.

„Има нешто тука“, беше коментарот на Швајнштајтер пред одговорот на презентерката Седлачек. „Што ни кажува тоа сега?“. 

„Каде гледаш ти?“, брзо врати Германецот кој потоа стана и хит на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...