ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски
Ѓер апсолутно заслужено стигна до финалето на овој фајналфор турнир, по импресивниот настап на унгарскиот гигант во пресметката со Будуќност. Цврстата одбрана некогаш беше заштитен знак на Будуќност, но Црногорките попладнево гледаа како унгарскиот состав ја има доведено до совршенство играта во дефанзива.
Токму тоа беше клучот на успехот на Ѓер, избраничките на Амброш Мартин делуваа навистина застрашувачки, па кој и да им биде ривал во финалето, сигурно ќе има крајно тешка задача да го најде патот до мрежата на Гримзбо.
Лани Ѓер стигна до финалето, годинава желбата дефинитивно е уште еден чекор напред и повторно искачување на самиот врвот на женскиот клупски ракомет.
[new_royalslider id=”621″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА