Ракометарките на Ѓер се првите финалистки на фајнал-фор турнирот во женската Лига на шампиони кој се игра во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта откако славеа над дански Ејсберг со 29-28.
Натпреварот почна ефикасно на двете страни, а по 30 минути игра унгарскиот тим имаше предност од 17-15. Во вториот дел тие успеаја да ја задржат предноста и да слават со 29-28.
Дион Хушер со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Хени Рајстад заврши со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

