Ѓер одигра супериорен меч и во полуфиналето го победи Будуќност за шесто финале во Лигата на шампионите. Унгарскиот шампион сега мирно ја чека разврската од вториот полуфинален дуел меѓу Вардар и ЧСМ Букурешт и противникот за утрешното финале. Во унгарскиот шампион, барем пред новинарите не издвоија кого повеќе го посакуваат во финалето, нагласувајќи дека тие се фокусирани само на својата игра.
„Тоа е тешко прашање и не можам да изберам ни еден ни друг. ЧСМ Букурешт е шампион, а за Вардар игра подобро од лани и од сите четири екипи што сме овде е најконстантен. Но, ние сме фокусирани на нашата игра без разлика кој ќе ни биде противник во финалето. Сакаме да го задржиме овој ритам и ова победничко чувство. Денеска одигравме добар натпревар. И претходно кажав дека многу ќе биде важно како ќе го почнеме натпреварот. Имавме добар старт, одигравме добар натпревар денеска исега го чекаме финалето “ – истакна бекот на Ѓер Едуарда Аморим Талеска.
Добриот влез во мечот како клучен момент го издвои и тренерот на Ѓетр, Амброс Мартин.
„Задоволни сме од играта и од резултатот. Клучен момент беше почетокот на мечот. Стартувавме многу фокусирано, на секоја топка и на секоја акција. На мечевите што ги загубивме сезонава токму тоа ни беше проблем, лошиот почеток на натпреварите“, истакна Амброс Мартин.
Будуќност и втора година по ред останува без финале на Ф4 турнирот во Будимпешта. Но, од црногоскиот шампион по мечот со Ѓер признаа дека и годинава унгарскиот тим бил подобар противник и ја заслужил победата.
„Будуќност беше многу подобар на ланскиот Ф4, а од друга страна Ѓер е многу подобар од лани. Жал ми е за о вој тим што не успеада стигне до финалето. Разочарани сме што не успеавме да ја завршиме сезоната како што посакувавме, но Ѓер беше подобар и заслужено оди во финалето на ЛШ“ – истакна тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ.
Катерина Булатовиќ заедно со Кристина Неагу беше подобриот дел во бледото издание на Будуќност, но недоволно за победа и за финале во
„Ѓер беше подобар противник денеска. Се согласувам со тренерот дека почетокот на мечот го реши текот на мечот. Ние не успеавме да го најдеме вистинскиот ритам, не одигравме добро во одбраната. Разочарани сме што заврши вака за нас, но Ѓер ја заслужи победата и финалето“ – рече Катерина Булатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА