Една од најдобрите светски ракометарки, Норвежанката Нора Морк, заработи сериозна повреда на коленото и ќе паузира до крајот на сезоната. Таа на дуелот со Никобинг се повреди, беше изнесена на носилки, и тоа сигурно ќе биде огромна загуба за Ѓер, кој секогаш е главен аспирант за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.
Деталните медицински прегледи кои се направени утринава покажале дека Нора Морк има скинати вкрстени лигаменти на коленото и ќе мора да замине на операција, а рехабилитацискиот процес ќе трае шест месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА