Раководството на Ѓер не губеше многу време по тешката повреда на Нора Морк, па актуелниот европски првак експресно ангажираше нова ракометарка на позицијата десен бек. Станува збор за Миреја Гонзалез, шпанската интернационалка која денеска потпиша договор со Ѓер, на позајмица од унгарскиот прволигаш Ерди.
„Сакаме да им се заблагодариме на челниците на Ерди, кои позитивно одговорија на нашето барање. Постигнавме договор за позајмица на Миреја Гонзалез Алварез, но за жал на оваа ракометарка ќе можеме да сметаме дури за четвртфиналните дуели од ЛШ, бидејќи рокот за регистрација на нови играчи за групната фаза е истечен“ – соопштија од раководството на Ѓер.
Нора Морк, која важи за една од најдобрите светски ракометарки, ќе паузира најмалку шест месеци по тешката повреда на коленото, а останува да се види во колкава мера Шпанката Гонзалез ќе успее да го надополни нејзиното отсуство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА