Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски објави како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички. Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје.
„Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со реконструкција на првата фаза, кадешто ќе биде поставена нова фасада и кров, а исто така, ќе се реновираат и канцелариските простории во кои беа сместени спортските федерации. Активностите се одвиваат во полн ек, очекуваме веќе во месец март да започне реконструкцијата и на втората фаза”, потенцира Герасимовски.
Новата сала Работнички ќе биде согласно стандардите на ФИБА, со нови седишта, соблекувални, туш кабини, поставување на климатизација и подно греење.
https://www.facebook.com/share/r/19eRw43Gy9
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА