Без апсолутно никаква информација до спортските медиуми и до целокупната спортска јавност во општина Центар, посебно навивачите на КК Работнички, градоначалникот Горан Герасимовски, наводно, на некаква „свеченост“ пред политичари советници и админастративци, а преку детски натпревар официјално ја отворил во употреба култната сала во Градски парк.
Одржана е некаква тајна манифестација со натпревар на младинскиот тим на КК Работнички и дечиња од ООУ „Кочо Рацин.

Сето тоа наиде на зачуденост од бројните навивачи на Работнички кои, секако, со нетрпение го очекуваа пуштањето во употреба на спортската сала. Па, најверните навивачи на Работнички, „Сити парк бојс“ реагираат дека отворањето е направено тајно, притоа во небезбедна сала без извршен технички прием од соодветните надлежни институции, и со злоупотреба на децата во политички цели.
„До каде ќе оди бескрупулозноста на еден градоначалник и целата свита општинари околу него кои за себе промоција решија да искористат ДЕЦА во ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ под маската на наводно СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ на спортската сала ГРАДСКИ ПАРК. ДЕЦАТА БЕА ДОНЕСЕНИ да бидат декор во тотално небезбедна средина СПОРТСКА САЛА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ, без никаков БЕЗБЕДНОСЕН ПРОТОКОЛ (полиција,итна помош,редари итн итн). Полна сала ДЕЦА а надвор работат мајстори и градежни машини битно е да се ОДРЖИ битно е да се ПРОДАДЕ МАГЛА“ – велат во својата реакција од навивачката група на Работнички, притоа дополнувајќи:
„РОДИТЕЛИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА во ОПШТИНА ЦЕНТАР прашајте ги директорите и наставниот кадар зошто вашите деца беа искористени за статисти во небезбедно опкружување?
Се надеваме дека надлежните институции ќе се заинтересираат за денешниов настан и нема да останат по страна и ненадлежни како многу пати претходно.
Знаеме дека сега ќе почнат скапо платените бандити да бараат излез ама излез тешко дека овој пат ќе има.
1.Зошто не беа поканети КОШАРКАРИТЕ на КК РАБОТНИЧКИ и ЦЕЛИОТ СТРУЧЕН ШТАБ?
2.Зошто не беа поканети останатите ЛЕГЕНДИ од ИГРАЧИ и ТРЕНЕРИ кои освојувале ТИТУЛИ и КУПОВИ?
3.Зошто немаше присутни НОВИНАРИ од СПОРТСКИТЕ РЕДАКЦИИ истотака и ФОТОРЕПОРТЕРИ?
4.Зошто ако се е регуларно мораше со најголема конспиративност да се спрема и одржи ваков настан?
5.Зошто салата не го носи името а беше најавено на великанот на македонската кошарка ЛАЗАР ЛЕЧИЌ?
6.ОД ШТО СЕ ПЛАШИТЕ и ОД КОГО БЕГАТЕ?“.
Реакција има и од останатите спортски вљубеници од општина Центар изненадени од начинот и тајноста на „пуштањето во употреба“ на реновираната култна сала во Градски парк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

