Герет Бејл е МВП на Светското клупско првенство (ФОТО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл ја доби наградата за најдобар играч на Светското ФИФА клупско првенство кое изминативе денови се одржуваше во Обединетите арапски емирати (ОАЕ).

„Кралевите“ стигнаа до третата едноподруго светска круна откако во финалето славеа убедливо со 4-1 против домаќинот на турнирот, Ал Аин.

Бејл одигра повеќе од квалитетен турнир. МВП признанието следи откако во полуфиналето запиша хет-трик во триумфот на Реал Мадрид против Кашима од 3-1.

Се вчитува...