Герет Бејл дефинитивно ќе остане дел од Реал Мадрид и во следната сезона, без оглед на шпекулациите кои велеа дека велшкиот ас би можел да биде продаден во ПСЖ во текот на летниот преоден рок. Раководните лица на „кралскиот клуб“ се децидни на ставот дека Бејл е важен дел од најтрофејниот фудбалски колектив во Европа, потенцирајќи дека неговата иднина во Мадрид е загарантирана со новиот договор потпишан во 2022 година.
И додека Кристијано Роналдо останува на ставот дека сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, Бејл отсекогаш ја потенцирал приврзаноста за шпанскиот гигант. Тој во претходните две лета имаше сериозни понуди од Манчестер јунајтед што ги одби без размислување, па сега нема никакви дилеми ниту околу обидот на ПСЖ да го доведе во своите редови.
Зинедин Зидан исто така има високо мислење за Велшанецот, така што неговата иднина во Мадрид воопшто не се доведува во прашање, дури и доколку во текот на летово биде ангажиран Еден Азар од Челси.
Герет Бејл е дефинитивно е „недопирлив“ во Реал Мадрид, без оглед на мултимилионските понуди што секое лето пристигнуваат на „Сантијаго Бернабеу“ за велшкиот фудбалски ас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА