Челси и Манчестер јунајтед се заинтересирани за Герет Бејл. Во опција е „луда“ трансфер понуда, објавија шпанските медиуми, најавувајќи го можното враќање на Велшанецот во Премиер – лигата.
Бејл има договор со Реал Мадрид до јуни 2022 година, со клаузула за откуп на договорот во износ од неверојатни 1 милијарда евра.
Оваа сума, се разбира не ја плаќа никој, но според шпанските медиуми, Челси и Манчестер јунајтед се подготвени да потрошат 200, односно 173 милиони фунти.
Доколку се потврдат овие најави и дојде до реализација на транферот, тоа ќе биде апсолутен рекорд, а Бејл повторно ќе биде најскап фудбалер во светот. Засега рекордот го држи Пол Погба, кој минатото лето се пресели на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА