Бразилскиот ас Марсело откри неверојатна информација дека неговиот соиграч Герет Бејл за шест години во Реал Мадрид не успеал да го научи шпанскиот јазик. Единствените два збора кои добро ги владеел се „добро вино“.
„Имав одлични односи со Кристијано, со неговото семејство, со неговата девојка. Играв девет години со него и нормално дека сум тажен што си замина. Се разочарав и по заминувањето на Кико Касилја, кој седеше до мене во соблекувалната. Секој ден му кажував. „Како си Кико, што се случува?“ Сега никој не седи со мене. Од другата страна ми е Бејл, но тој не зборува шпански јазик, туку само англиски, па си комуницираме со знаци“, открива Марсело за шпанските медиуми.
Реал Мадрид отпатува за Амстердам каде утревечер ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА