Герет Саутгејт останува на чело на „гордиот албион“

Герет Саутгејт потврди дека останува на чело на фудбалската репрезентација на Англија. И покрај поразот на пенали од Италија во финалето на Европското првенство, за кој како главен виновник англиската јавност го посочи токму него, младиот стратег потврди дека ќе го води „гордиот албион“ и на Светското првенство во Катар следната година.

Саутгејт ги внесе Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо во 120 минута како би ги изведувале пеналите, а и двајцата фудбалери на крајот не успеаја да го реализираат ударот од белата точка. Исто така петтиот пенал му го довери на најмладиот во тимот Букајо Сака кој го промаши клучниот последен пенал во серијата против Италија.

Саутгејт ја презеде Англија во 2016 година. На Мундијалот во Русија во 2018 година беше елиминиран во полуфиналето по продолженија од Хрватска, додека на ЕВРО 2020 загуби во финалето по изведување на пенали од Италија.

Се вчитува...