Поранешниот селектор на Англија, Гарет Саутгејт, се предложи за следен селектор на полската репрезентација . Позицијата остана празна откако претходниот селектор Михал Пробеј, поднесе оставка пред неколку дена по конфликтот со големата ѕвезда на тимот, Роберт Левандовски, кој се закани дека нема повеќе да игра за репрезентацијата додека Пробеј е на чело.
Саутгејт ја напушти репрезентацијата на Англија по минатогодишното Европско првенство. Оттогаш, тој работеше како технички набљудувач во УЕФА. Беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но најавите за работа во клупски фудбал не се остварија. Според полското издание „Пржеглад Спортовски Онет“, локалната федерација добила понуда Саутгејт да ја преземе селекцијата. Изданието тврди дека ова не е само потег на агентите на Англичанецот, туку самиот Саутгејт изразил подготвеност да ја преземе полската репрезентација.
Големиот проблем со таквото назначување, сепак, се високите финансиски барања на Англичанецот, кој, според изворот, ќе бара повеќе од двојно поголема плата од Фернандо Сантос, кој претходно беше на кормилото на Полска. Португалецот добивал 2,5 милиони евра годишно кога бил на чело на Полска, додека платата на Саутгејт како селектор на Англија била најмалку 5 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

