Гери О’Нил доби отказ во Вулверхемптон

Домашниот пораз од еден од директните конкуренти за опстанок, Ипсвич со 1-2 во 16. коло од Премиерлигата беше пресудно по иднината на Гери О’Нил на тренерското место во Вулверхемптон и покрај тоа што претседателот на клубот пред само неколку денови му довери „безрезервна“ поддршка.

За Вулверхемптон тоа беше четврти пораз во низа, единаесеттиот во сезоната со што клубот останува на претпоследното место на табелата со само девет освоени бодови.

О’Нил го превзема Вулверхемптон на почетокот на претходната сезона и успеа да му обезбеди опстанок во Премиерлигата завршувајќи ја сезоната на 14. позиција.

Се вчитува...