Германскиот центар Даниел Тајс беше еден од најатрактивните кошаркари на трансфер маркетот во Евролигата. За негов ангажман постоеше интерес од повеќе клубови меѓу кои и Партизан, но на крајот се одлучи да не ја менува средината.
Тајс по осум години поминати во НБА лигата каде настапуваше за повеќе клубови меѓи кои и Бостон и ЛА Клиперс се врати назад во европската кошарка во 2025 година и веднаш се наметна во дресот на Монако за кој ќе настапува и во следната сезона.
Во договорот на Германецот со францускиот клуб постоеше и можност да се врати назад во НБА доколку добие примамлива понуда до 15 јули, но овој период помина па 33-годишникот и во новата сезона ќе биде предводен од страна на легендарниот Василис Спанулис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

