Германецот не „мрда“ од Енфилд: Клоп размислува за засилувања за следната сезона

И покрај шпекулациите дека оваа сезона за Јирген Клоп би можела да биде последна во таборот на Ливерпул, Германецот веќе планира за идната сезона. А, доказ за тоа е дека бара нови играчи кои би можеле да ги задоволат критериумите да го носат дресот на „црвените“.

Тој пред новинарите кажа дека Ливерпул мора да биде многу активен на трансфер пазарот во текот на идното лето.

„Ова лето дефинитивно мораме да купуваме. Жал ми е што во овој момент немаме загарантирано место во Лигата на шампионите, но ќе се бориме за неа. Ќе биде тешко и ќе се одлучува доцна во сезоната, но мораме да почнеме да работиме многу порано, пред него да знаеме каде ќе завршиме на табелата, во смисла на позицијата и на европските натпреварувања следната сезона“, рече Клоп.

И додека Клоп најавува нови имиња, газдата на клубот Џон Хенри најави осигурување на нови инвестиции.

Меѓу играчите кои се поврзуваат со Ливерпул се Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, Мејсон Маунт од Челси и Матеус Нуњез од Вулверхемптон.

Се вчитува...