Германија го пречека актуелниот светски првак Франција на „Алијанц арена“, а првата пресметка од групата А во Лигата на нации заврши без голови. Со премногу респект, но и без посериозни шанси на двете страни, двете моќни селекции на крајот поделија по еден бод.
Во групата Б, Велс ја совлада Ирска со 4-1, а Украина ја победи Чешка на гости со 1-2.
Бугарија на гости славеше против Словенците со 1-2 во групата Ц, додека Норвешка го совлада Кипар со 2-0.
Во групата Д, Андора издржа без голови и не загуби на гости против Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА