Германија без двајца важни ракометари на СП

Германија остана без двајца важни играчи непосредно пред почетокот на подготовките за Светското првенство.

Се работи за дуото на Рајн Некар Левен, пикерот Јаник Колбахер и левиот бек Себастијан Хејман. Селекторот Алфред Гисласон на мундијалот на кој Германија ќе игра во групата со Полска, Швајцарија и Чешка во данскиот Хернинг нема да може да смета на овие двајца ракометари.

Колбахер ќе оди на операција на лакотот, а Хејман веќе цел месец имал проблеми со повреда на стапалото. На нивото место се повикани Тим Зехел од Магдебург и Лукас Штуцке од екипата на Хановер.

За потсетување Македонија групната фаза ќе ја игра во Вараждин, а за противници ќе ги има Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Се вчитува...